Единаесетгодишниот Карен Варис од Нигерија за многу краток период се стекна со светска слава благодарение на неговите уникатни цртежи. Талентираното момче моментално учи во ликовно училиште и има сон неговите цртежи да се најдат во музеј во иднина.
Варис црта уште од шестгодишна возраст и најмногу сака да црта портрети. Тој вели дека инспирација му е секоја случка од неговиот живот, како и од неговото семејство.
Неговото најпознато дело е наречено „Вообичаениот леб“ и тоа ја отсликува личноста што јаде во пот и солзи. Варис објаснува дека неговото семејство работи многу напорно за да заработи парче леб и тоа го инспирирало најмногу за да го создаде делото.
Погледнете ги фотографиите во
ГАЛЕРИЈАТА