X
 21.08.2023 Живот

Овој пар купил куќа за едно евро на Сицилија - еве колку навистина чини и како изгледа

Млад брачен пар решил да се впушти во планот на италијанската влада, со кој се поттикнува повторно населување на селата. Сара и Лука во 2020 година се доселиле од Аргентина на Сицилија, а куќата ја купиле за 1 евро. Иако луѓето во Италија не верувале во таквите приказни бидејќи им делувало дека е невозможно да се купат недвижнини за толку малку пари, младиот брачен пар решил да се впушти во авантура.

Имотот што го купиле се наоѓа во едно село на Сицилија. Планирале да купат имот, но ова било избор кој не можел да се спореди со другите. Кога се согласиле да го купат, не можеле да видат колку ќе им треба за целосно да го обноват. Тоа е и финтата. Сѐ може да изгледа бајковито, но суштината е во тоа што куќите се напуштени и израснати.

Во поглемиот број случаи потребно е реновирање од темел, а идните сопственици мораат да дадат и депозит од околу 5 илјади евра пред почетокот на реновирањето. Потоа се обврзуваат дека ќе ја реновираат кужата во текот на следните три години. Исто така, сопствениците се должни да ја платат сета документација потребна за пренос на сопствеништвото. Италија ветува дека општината ќе ги фаворизира купувачите кои планираат да ангажираат локални работници, да користат домашни материјали и да реновираат во најкраток рок.

Погледнете како изгледа куќата:



Сара и Лука сметаат дека купувањето на овој имот е најдобро нешто што можеле да направат за себе и фамилијата. Велат дека Италија направила совршен план кој им овозможува на младите брачни парови да се осамостојат и да живеат поздрав и подобар живот, а од друга страна, селата ќе процветаат кога ќе се доселат нови луѓе.

Извор: b92
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот