X
 21.09.2022 Живот

Расказот за светлосно загадување на 7-годишната Костантина доби награда на меѓународен натпревар во Португалија

Светлосното загадување го нарушува биодиверзитетот на одредени инсекти и растенија, предупредува младата екологистка Костантина

Седумгодишната Костантина Андонова од Битола е дел од група ученици од целиот свет кои го подигнаа гласот против светлосното загадување. Таа доби почесна награда на меѓународниот натпревар организиран од NUCLIO – Интерактивен астрономски и иновациски центар, како дел од проектот Dark Sky Rangers (Ренџери на темното небо), кој од 10 март до 17 јуни 2022 година се одржа во Португалија.

Стотици ученици и студенти од цел свет испратија свои раскази, истражувања и видеоизлагања за овој проблем, кој на многумина не им е познат и му треба поголем публицитет.

Андонова, ученичка во трето одделение во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола, чиј ментор беше наставничката Летка Степановска, е наградена во категоријата ученици од 6 до 12 години. Во сите три возрасни категории беа доделени 8 награди.

Остатокот од текстот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот