Клиничко тестирање на нова пилула нарчена енситрелвир го скратува траењето на два симптоми на ковид-19: загуба на мирис и вкус.
Оваа пилула е една од првите кои ги третираат овие симптоми. Другите лекови за ковид-19 најчесто третираат други посериозни симптоми на болеста. На почетокот на пандемијата, околу 40-50 отсто од луѓето со ковид-19 имаа ослабени или изгубени сетила за вкус и мирис.
Новиот лек, кој веќе е одобрен за употреба во Јапонија, може да се користи од индивидуалци кои имаат слаби или умерени симптоми без разлика на можните ризични фактори. Компанијата која стои зад лекот, „Шионоги“, продолжува да ги спроведува клиничките тестирања на лекот, кој засега не е одобрен никаде освен во Јапонија.
Во едно тестирање, пациентите кои го земале лекот забележале значително ослабување на двата симптоми по третиот ден, а сетилата целосно им се вратиле по три недели.
- Повеќето луѓе ќе оздрават сами, но знаеме дека некои луѓе имаат долготрајни проблеми со вкусот и мирисот - вели Јохеи Дои, истражувач на универзитетот „Фуџита хелт“.
Извор:
Scientific American
Насловна фотографија: Freepik