Утре, во културниот центар „Бруталиск“, во 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на електронското издание „UT PICTURA LATINUM - латински речник во слики со старогрчки, македонски, албански, турски и ромски паралели и примери“.
Промоторка на настанот ќе биде Даниела Тошева, речникот ќе го претстави приредувачката Елена Џукеска, модератор на настанот ќе биде Билјана Црвенковска, а стихови од Плаут ќе чита Слободан Танасковски.
Ut pictura Latinum, „Латински како слика“ според Ut pictura poiesis, „Поезијата е како слика“ е речник во слики, наменет за сите што сакаат да учат за да ги научат своите први зборови на латински или за да научат нешто ново за зборовите што веќе ги знаат. Но, и нешто друго и многу повеќе. Овој речник е наменет за сите што сакаат да учат за да ги научат заедно со зборовите на латински јазик и своите први зборови на старогрчки, македонски, албански, турски и ромски или за да научат нешто ново и за овие зборови.
Проектниот тим на речникот го сочинуваат: Елена Џукеска – приредувач, Слободан Танасковски – старогрчки паралели и превод на македонски јазик, Бесарт Емини – албански паралели и превод на албански јазик, Сејдо Јашаров – ромски паралели и превод на ромски јазик, Маја Трајчев – турски паралели и превод на турски јазик, Јана Јакимовска – илустрации и Наталија Андријевска – лектор по македонски јазик.
Повеќе за речникот:
www.utpicturalatinum.com
Каде се наоѓа Брутлиск:
https://www.facebook.com/Brutaliskopje