X
 22.03.2020 Здравје

Нови 29 случаи на коронавирус, вкупниот број порасна на 114

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на заразени со коронавирус во Македонија. Вкупниот број на заболени сега изнесува 114.

- На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна, добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сè уште е на респираторна машина - истакнаа од Министерството.

Оттаму додаваат дека пациентите што се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје