Чарлс III е крал на Обединетото Кралство. Тој е најстариот син на Елизабета II и принцот Филип.
До наследувањето на престолот ја носел титулата принц од Велс и војвода од Ротси. Од бракот со својата прва сопруга Дијана има два сина - Вилијам и Хари. Во 2005 година стапи во брак со Камила и остана престолонаследник сè до смртта на неговата мајка, со што најдолго бил прстолонаследник во историјата на британската монархија.
Беше крунисан на 6 мај 2023 година заедно со сопругата, кралицата Камила.
- Нешто толку љубопитно како монархијата нема да опстане доколку не ги земете предвид ставовите на луѓето. На крајот на краиштата, ако луѓето не ја сакаат, нема да ја имаат.
- Научив онака како што учи мајмун: гледајќи ги своите родители.
- Цел живот луѓето ми кажуваат што да правам. Се уморив од тоа. Мојот приватен живот стана индустрија.
- Целата природа плаче поради тоа што лошо постапуваме со неа. Да беше планетата пациент, ние одамна ќе почневме со нејзино лекување.
- Цело време чувствувам дека треба да го оправдам моето постоење.
- Страсно верувам дека секој има посебна способност дадена од Бог.
- Иднината на човештвото може да биде обезбедена само ако повторно откриеме начини на кои можеме да живееме како дел од природата, а не одвоено од неа.
- Како човечки суштества, ние страдаме од вродена тенденција да избрзаме во донесувањето заклучоци, да им судиме на луѓето премногу брзо и да ги прогласуваме за неуспешни или херои без соодветно внимание.
- Ние не сме технологијата. Таа треба да биде наш роб. Но, мислам дека брзо станува наш господар во многу области.
- Секогаш е убаво да имаш некој што те разбира и сака да те охрабри.
Извор:
Brainyquote.com
Фото: Wikipedia