Истражувачи од „ИБМ Трастир“ откриле огромна измама во која се користела мрежа на емулатори на мобилни уреди за да се украдат милиони долари од повеќе банкарски сметки за само неколку дена.
Обемот на операцијата е поголем од што било видено досега. Во еден случај,
измамниците користеле околу 20 емулатори за да имитираат над 16.000 телефони на корисници на банкарски сметки. Во друг случај, само еден емулатор имитирал над 8.100 телефонски уреди.
Со помош на емулаторите, крадците ги внесувале корисничките имиња и лозинките во банкарските апликации и правеле налози со кои извлекувале средства од сметките.
Емулаторите се користат од страна на програмерите и истражувачите за тестирање на работата на апликациите на разни уреди. За да ја заобиколат заштитата на банките, измамниците користеле идентификатори на уреди на жртвите и лажни локации.
Се претпоставува дека биле преземени податоци за идентификување на клиентите со хакирање на нивните уреди, иако во некои случаи измамниците ги имитирале клиентите од нови телефони. Меѓутоа, истражувачите не објаснуваат точно како успеале измамниците да стигнат до СМС-пораките и другите податоци од уредите на клиентите.
Банките што биле хакирани се наоѓаат во САД и во Европа.
Автор: Ден Гудин
Извор:
arstechnica.com