X
 22.12.2020 Живот

Ова е првото пијано во светот направено од растенија

Шпанска стартап-компанија го лансира првото „пијано“ во светот направено од живи растенија.

Извонредниот инструмент ја користи флората како биолошки антени, способни да согледаат промени во фреквенцијата кога ќе се допрат. Оваа промена на фреквенцијата е преведена во напон, што го спроведуваат растенијата, бидејќи тие се природни спроводници на електрична енергија.

Напонот се трансформира во звук и го активира влезот на струјата од електричната мрежа во колото, предизвикувајќи магично шоу на светлина и музика.

Инсталацијата е создадена од биотехнолошката компанија „Био“ што произведува електрична енергија од природата.

- Повратната информација е доста позитивна. Повеќе истражувања покажуваат дека соработката со растенијата има позитивно влијание врз луѓето од емоционална и психолошка перспектива. Нашата цел е да создадеме глобална свест за природата што помага кон патот до позелена иднина. Затоа сме толку воодушевени од нашата технологија што ни овозможува да создадеме неверојатно искуство - вели Пабло Видарте, основач и извршен директор.

„Зеленото пијано“ беше лансирано во август во библиотеката за биотехника во Ибица, Шпанија, единствениот биотехнолошки ботанички центар во Европа.

„Био“, прогласена од Европскиот парламент како една од најиновативните компании во Европа, има цел да создаде одржлива електрична енергија од природата, а исто така е одговорна и за создавање биолошка батерија напојувана од почва што се храни од природата без воопшто да ѝ наштети.



Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот