X
 23.02.2020 Образование

Како изгледа денес школото на Петре М. Андреевски, кулинарската приказна на Бранко Попоски од Вевчани. Што истражувавме минататa недела?

Колку влијателни луѓе дала битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ во еден и пол век, што нуди веб-страницата „Наука за сите“, како готвачот Бранко Попоски од Вевчани стигна да готви за американскиот амбасадор... Ова се темите што ги истражувавме изминатата недела.

Ване Трајков со неговата колекција

Стрип-центарот во Велес успешно ја популаризира деветтата уметност кај младите. Стрипот како деветта уметност, која во себе носи древен јазик на ликовно изразување, е меѓу најстарите визуелни медиуми во светот и на различни начини влијаел врз општата култура во светот.

Бранко Попоски од Вевчани е финансиски и маркетинг-менаџер и пасиониран вљубеник во готвењето. Ја раскажуваме приказната за неговото кулинарско патување од родното Вевчани до денес, кога е познат кулинарски блогер и јутјубер, со свое готвачко интернет-шоу „Готвење со Бранко“ и кој стои зад проектот „Интимни вечери“. Не крие дека освен што ужива да биде во кујна, ужива и пред камерите.

Бранко Попоски

Осумнаесет академици, шест градоначалници, тројца ректори, тројца конзули и голем број успешни во своите професии – професори, лекари, правници, архитекти и многу други образовала гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Овие бројки зборуваат за квалитетот на една од најстарите воспитно-образовни институции во Македонија.

Гимназијата во Битола

Дамјан Цветановски е надежен актер од помладата генерација кој умее многу вешто да се трансформира и умешно да го користи гласот како моќно актерско орудие. Од неодамна Цветановски стана и дел од тимот на „Светот на Биби“ позајмувајќи го гласот на Боби во српската верзија.

Дамјан Цветановски

Атанас Кирјаковски речиси 10 години живеел во Јапонија, каде што магистрирал и докторирал на Кобе универзитетот. Тој е уредник на веб-страницата „Наука за сите“, која објавува интересни статии од македонски научници. Најновите вести од науката напишани од научници, поткасти, видеа се само дел од интерeсните содржини што ги пласира веб-страницата „Наука за сите“.



Публиката дише во еден здив на новата претстава на Драмски театар - „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. Мисијата на секое театарско дело е да допре до публиката и да предизвика реакција, да ја насмее, да ја замисли, да ја расплаче во случајот на последната премиера. „Мојот маж“ го постигна тоа!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование