Кетогената диета е посебен режим на исхрана кога телото почнува да ги согорува масните наслаги и да ги користи како извор на енергија наместо јагленохидратите. На овој начин само за неколку недели се губи вишокот килограми, притисокот се доведува во нормала, се постигнува подобра концентрација и побрза работа на мозокот.
Кетогената диета подразбира внесување на протеини во што поголема количина, додека јагленохидратите треба да се избегнуваат. За време на овој режим се препорачуваат оброци кои се состојат од сите видови месо, риба, јајца и сирења. Би требало во целост да се престане со конзумирање леб, тестенини, ориз, компир и останатите продукти кои содржат скроб. Количината на јагленохидратите во текот на оваа диета мора да биде под 50 грама на ден, за да се постигнат што подобри резултати.
Фото: Pixabay
Кетогенската диета го доведува телото во состојба на кетоза, а тоа значи дека во крвта и урината доаѓа до зголемување на кетоните кои настануваат како резултат на претворањето на мастите во едноставни масни киселини . При оваа состојба организмот почнува да ги користи кетоните и енергијата која се наоѓа во мастите. На ваков начин, телото добива повеќе енергија, поголема издржливост, а се подобрува и менталниот фокус.
Понискиот внес на јагленохидрати и користењето на мастите како извор на енергија, поволно влијае врз контролата на шеќерот во крвта и се намалува негативното влијание од зголемен инсулин во организмот. Кетогенскиот режим на исхрана е добар и за регулација на крвниот притисок , го контролира проблемот со ждригавицата, го подобрува квалитетот на кожата, па затоа особено се препорачува кај лица кои имаат проблеми со акни.