X
 23.05.2026 Здравје

Дали премногу заборавате? Оваа јапонска метода е решение на проблемот

Ако некогаш сте излегле од дома и по пат сте се запрашале дали сте го исклучиле шпоретот или пеглата, не сте единствени, таквите сомнежи се многу чести. Но, добра вест е што не мора да бидат дел од вашето секојдневие.

Во Јапонија операторите на железницата користат едноставна, но исклучително ефикасна техника за спречување грешки. Токму таа метода може да ви помогне да останете фокусирани во извршувањето на секојдневните задачи. Техниката се вика „шиса канко“.

- Шиса канко значи „покажување и изговарање“, а се користи за подобрување на вниманието и точноста. Развиена е како метода за подобра безбедност во јапонскиот железнички систем. Операторите се обучени да се фокусираат на објект, на пример сигнал или место за запирање, да покажат кон него и да го изговорат името на објектот - објаснува Џој Галон, лиценциран терапевт во „Трајв воркс“.

Како се изведува методата шиса канко?

Истражувањето на Јапонскиот институт за технички истражувања на железницата покажа дека практиката „шиса канко“ ги намалува човечките грешки за 85 отсто.

- Бидејќи практиката ги вклучува очите, рацете, устата и ушите, активно ги ангажира сите сетила - додава Галон.

Шиса канко можат да ја користат и лица со АДХД


Оваа метода може да биде особено корисна за лица со АДХД.

- Кога АДХД-мозокот добива стимулација, исто така добива и регулација. Со ангажирање повеќе сетила, АДХД-мозокот може да биде повеќе вклучен во однесувањето. Можете тоа да го сфатите како облик на активно слушање. Ако лицето со АДХД повтори нешто што е кажано, подобро ќе ги запамети зборовите поради повторувањето - вели терапевтот Били Робертс.

Тери Матлен, психотерапевт и консултант за АДХД, забележала дека некои нејзини клиенти со АДХД пеат мелодија на некоја песна за да запаметат одредени работи. На пример, можат да ја земат мелодијата на песната „London Bridge Is Falling Down“ и наместо тоа да пеат: „Морам да ја исклучам рерната, рерната, рерната...“

Извор: net.hr
Фото: freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје