X
 23.06.2023 Образование

Комисијата ги коригираше границите: Уште една бронза за македонските средношколци на Европската олимпијада по физика

Комисијата за спроведување на Европската олимпијада по физика, по официјалната церемонија за затворање на олимпијадата, изврши корекција на границите за доделување медали во конечните резултати објавени на веб-страницата на Европската олимпијада и со оваа корекција ученикот Матеј Гелев сепак добива бронзен медал, соопшти Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)

Со ова, македонскиот тим освои два сребрени и два бронзени медали на 7. Европска олимпијада по физика 2023, одржана во периодот 16-20 јуни 2023 година во Хановер, Германија.

Колку за потсетување, на оваа олимпијада Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје, и Мајкл Георгиевски, ученик во четврта година во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци, освоија сребрен медал. Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко - информатичка гимназија - Скопје, освои бронзен медал, а учествуваше и достојно го покажа своето знаење и Дамјан Стојанов, ученик во втора година во ПСУ„ Јахја Кемал“ - Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование