Проф. д-р Васил Илиев гинеколог-акушер, специјалист по урогинекологија во клиничката болница „Жан Митрев“ објаснува дека инконтиненцијата, или неволното испуштање урина е проблем, состојба која иако почесто се јавува кај жените. Постојат повеќе типови инконтиненција, нејзино дијагностицирање, и секако решавање на проблемот.
-Сакам да потенцирам дека квалитетот на живот на пациентките со инконтиненција е исклучително намален. Намалени се контактите со луѓе, контактите со внуци (ако се повозрасни) зашто постои мирис поради урината. Тие имаат постојано чувство на мокрост и иритација на кожата, која се јавува релативно брзо оти урината е полна со киселина. За жал, кај нас, но според моето искуство од работата во странство, и во некои останати земји, многу често жените мислат дека инконтиненцијата, подмочувањето е нормална работа за жена што родила. Тоа апсолутно не е точно - вели д-р Илиев.
Прочитајте повеќе на овој
ЛИНК.