X
 27.08.2019 Забава

Тејлор Свифт ја освои главната награда на Ем-ти-ви музичките награди

Забележителната кариера на Миси Елиот, раперка, пејачка, текстописец, продуцент и танчерка, чии спотови го придвижија музичкиот свет во последните две децении, доби признание за својата креативност на Ем-ти-ви музичките и видеонагради за 2019 година, каде што Тејлор Свифт ја освои главната награда со својата геј-песна „You Need to Calm Down“.

Елиот (48) на синоќешната церемонија во центарот Пруденшал во Њуарк, во американската држава Њу Џерси, ја доби наградата „Мајкл Џексон видеовангард“.

- Работев напорно две децении и никогаш не мислев дека ќе застанам тука и дека ќе ја добијам оваа награда - рече Елиот.

Наградата ја посвети на танчарската заедница и рече дека нејзините музички видеоинспирации биле Џенет Џексон, Мадона, Питер Габриел и Баста Рајмс.

Тејлор Свифт ја освои наградата видео на годината со песната „You Need to Calm Down“, со која ја отвори вечерта на доделувањето на наградите, а подоцна ја испеа и баладата „Lover“, насловна песна од нејзиниот албум, објавен во петокот.

Во видеото, во кое Свифт ги повикува хомофобите и тие што ја мразат, се појавуваат повеќе познати ликови, меѓу кои Елен Деџенерис, Лаверн Кокс, Ру Пол и бендот „Квир Аја“ (Queer Eye).

Свифт синоќа освои три награди, со кои, заедно со Аријана Гранде и Били Ејлиш, имаше најмногу победи на вечерта.

Аријана Гранде е именувана за уметничка на годината, а Били Ејлиш е наградена за најдобра нова уметничка. Таа синоќа не присуствуваше на церемонијата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава