Депресијата е крадец. Го одзема вашето време, вашите мисли и чувството за себеси. Но, пред сето тоа, ги одзема вашите пријатели.
За разлика од самоубиството, депресијата оперира нечујно. Самоубиството е гласно: познато е и се чувствува веднаш. Но, изолацијата пред самоубиството, во мрморот на болеста, ретко произведува врева. Сакаме да разговараме за црното, но не за избледунувањето. Со тоа, тешко е за пријателите како да комуницираат емотивно со депресијата, особено затоа што се протега подолг период.
За мене, комбинацијата на биполарно, гранично растројство на личноста и депресијата, создаде постојана брилијантна цијанидска капсула што ја држа меѓу забите во секој однос. За жал, ова е гаранција дека на крајот, секое мое пријателство е отруено.
И сфаќам. За оние околу мене е многу полесно да се оддалечат од пријател кој постојано е тежок, само-инволвиран, непријатен, непредвидлив. Дури и полесно е да се оддалечи човек од пријател, ако тој пријател претходно се оддалечил од вас.
Илјадници пати оваа приказна поминала низ мојата глава: еден од моите најдобри пријатели, неприродно талентиран писател полека започна да се повлекува во себе. Ги избриша сите негови пријатели од „Фејсбук“, престана да одговара на повици и пораки, а потоа се повлече во својата соба. Сите знаевме што се случува. Пријателите постојано ми пишуваа пораки: „Дали го виде Х? Дали Х е во ред? Треба да одиме да го видиме Х“.
Никој од нас не отиде да го види Х. ТОа беше пред две години и оттогаш никој од нас не го има видено и не разговарал со него. Тој не е мртов, но го нема. Живее на планина во колиба. Губењето на еден ваков пријател беше како да гледам дух кој поминува низ двата ѕида на ходникот - еден вид на исчезнување што ќе ве натера да се чувствувате несигурни.
Минатата година започнав да се однесувам слично. Се изолирав, така што во рок од шест месеци изубив многу пријатели.
Депресивната хибернација не е намерен егзил. Кога вашиот ум се чувствува лошо и цел ден е неактивен и има очајни мисли, тогаш може да биде тешко да се добие сила човек да оди на забава, кај пријатели или да врати на порака. Во моето искуство, болеста толку многу ќе ве убеди дека сте ужасни, што ќе започнете да го гледате вашето отсуство како деформирана корист. Се плашите дека вашата внатрешна тага ќе ја уништи атмосферата за другите.
Под овој страв да не се уништи забава на другите лежи дебел слој на вина. Депресивните луѓе носат многу вина. Невозможно е да се даде толку многу љубов и грижа на лице кое не може да врати, а ние го знаеме ова. Толку пати сум се почувствувал дека не можам ни да се обидам да искажам соодветна благодарност.
Тоа благодарам може да биде непријатно и срамно од безброј причини. Тешко е да ѝ кажете на вашата девојка дека со самото тоа што е присутна и гледа цртани со вас, ве одржува во живот, бидејќи тоа става одредена тежина на инаку беспрекорното попладне. Тоа е товар за лицето кое ја нема и не треба да ја има способноста да ве носи и да ве излекува од неизлечливото.
Се плашам дека мојата благодарност или навидум недостатокот на благодарност, ќе доведе до бесконечно извинување. Се пронаоѓам себеси како се извинувам за некој кој ме сакал она што сум и посоти ерозија во меѓучовечката верба кога еден партнер или пријател не е способен да ја разбере причината зошто другиот би можел или ги сака.
Во тоа неверување, болеста се влошува. Им кажав на пријателите дека нивното друштво ми прави лошо и им кажав на родителите дека го променија мојот мозок. Ѝ кажав на личноста што ја сакам дека дозволи да ѝ украдам дел од животот и дека на тој начин се виновни.
Ако постои една вистина за депресијата, тоа е дека е и универзално и фундаментално солипсична. Таа е уникатна за вас, единствена и ваша.
Поборниците за ментално здравје постојано апелираат оние кои се во депресија да бараат помош. Дури и да се согласам дека ова е најдобриот метод, повеќето луѓе не се подготвени да го направат тоа, а винат ашто извира е сама по себе деструктивна.
Ова го почувствував акутно кога не можев да му помогнам на мојот пријател, а го чувствувам и сега кога не можам да побарам помош за себеси.
Вознемирувачката реалност е дека
депресијата не може да направи да исчезне еден човек. И пријателите играат улога во исчезнувањето. И таа непријатна вистина е причината зошто не разговараме за тоа. Исто така, и бидејќи емпатијата е конечна.
Со прифаќање дека ниту оној кој страда ниту сведокот не се виновни, сите можеме да најдеме некоја привилегија на мирот.
Пишува:
Patrick Marlborough / Vice