„Одмаздници: Завршница“ веќе руши рекорди во Кина, собирајќи 83 милиони долари на премиерата. Овој филм од утре е и на репертоарот на
„Синеплекс“, каде што може да го погледнат сите лица постари од 12 години.
Кулминацијата на 22. меѓусебно поврзани филмови - четвртиот дел на „Одмаздници“ ќе ја привлече публиката да биде сведок на пресвртницата на ова епско патување. Нашите сакани херои навистина ќе разберат колку е кревка оваа реалност и жртвите што мора да се направат за да се носат со неа.
Финалето на „Марвел“ веќе постави нов рекорд за претпродажба на билети откако приходите рипнаа на 110 милиони долари пред отворањето во вторник на полноќ, со што беше симнат од тронот поранешниот рекордер, кинескиот „Лов на чудовишта 2“, чии приходи беа 59,6 милиони долари.
Платформата за онлајн-продажба на билети „Маојан“ проценува дека „Одмаздници: Завршница“ ќе собере вкупно 521 милиони долари во текот на прикажувањето. Со тоа тој би станал најдобар странски филм и четврти најдоходовен филм на сите времиња во
Кина.