Елена Ртоска, македонска шампионка во скајранинг: „Им порачувам на младите да се поврзат со природата и редовно да вежбаат“
На екстремните планински терени низ кои трча прилепчанката Елена Ртоска некои не би помислиле ни да се искачат. Тоа се предели што се издигаат над 2.000 метри надморска височина, поради што и не случајно оваа дисциплина на планинско трчање го носи називот скајранинг или трчање низ небо. Се трча по исклучително стрмни и каменести терени, поради што е потребна голема кондиција, издржливост, но и стабилност, моторичка координација и концентрација.
Невработени дел од археолозите што ги открија вредните наоди од 6 век пр.н.е. во архајската некропола Корошишта во Струшко
Без решен работен статус беа дел од тимот археолози што работеа на ископувањата во архајската некропола Корошишта во Струшко, каде што открија значајни златни, сребрени и бронзени предмети, слични на гробовите со златни маски од Требенишкатата некропола. Некои од нив беа ангажирани со договор на дело, додека други воопшто не се вработени во ниту една институција од културата.
Студентите и учениците скапо го плаќаат нефункционирањето на ЈСП - доцнат на часови и испити, пропуштаат материјал... Најавен протест за утре
Нефункционалниот јавен превоз го отежнува пристапот до факултетите и училиштата, а студентите и учениците скапо го плаќаат задоцнувањето - со паѓање на испит или многу неоправдани отсуства. Студентите, професорите и учениците, односно сите што се дел од образовниот процес, а го користат јавниот превоз во градот Скопје, не можат да стигнат навреме поради проблемите со кои се соочува јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.