Во 2018 година милиони хектари недопрени тропски прашуми биле уништени, објави „Гардијан“ по анализи на најновите сателитски податоци.
Експертите веруваат дека меѓу главните причини за ова уништување на природата се индустријата за говедско, за чоколадо и за палмино масло.
И покрај ова, уништувањето на шумите сè уште се зголемува, велат екологистите.
Иако помалку шуми се уништени во 2018 година отколку во 2016 и 2017 година, кога сушата предизвика огромни пожари, минатата година беше најлоша од 2002 година, кога почнаа да се евидентираат податоци од тој вид.
Најголем пораст во уништувањето на прашумите е забележан во африканските земји Гана и Брегот на Слоновата Коска. Шумите се уништуваат во овие области за одгледување какао и за рударство.
- Светските шуми сега се во одделот за вонредни состојби - вели Франсис Сејмур од Институтот за светски ресурси, дел од Глобалната мрежа за заштита на шуми.
Секој изгубен хектар шума е еден чекор поблизу до страшното сценарио на здивените климатски промени, додаде таа.
Истражувањата и сателитските анализи покажуваат дека во 2018 година биле изгубени повеќе од 3,6 милиони хектари прашума. Нивото на уништување на шумите се зголеми за 60 отсто во Гана и 26 отсто во Брегот на Слоновата Коска.
Извор: МИА