Кога почнува да се појавува утринската вкочанетост, лесно е да се обвинат стареењето, неквалитетниот душек или лошиот ноќен сон и одмор. Вистина е дека сите овие фактори можат да направат да се чувствуваме вкочанети наутро, но ако тоа се случува често, тоа може да биде знак за здравствен проблем.
Утринската вкочанетост е предупредувачки знак за воспалителни видови на артритис
Утринската вкочанетост е симптом на неколку видови артритис, вклучително и остеоартритис - вообичаен тип што многу луѓе го развиваат за време на процесот на стареење. Тоа е исто така предупредувачки знак за воспалителни видови на артритис како што се:
-ревматоиден артритис (РА)
-псоријатичен артритис (ПСА)
-анкилозен спондилитис (АС).
Не е изненадувачки што стареењето и остеоартритисот предизвикуваат утринска вкочанетост. Како што старееме, 'рскавицата што ги штити нашите зглобови почнува да се троши и кине, а нашите зглобови произведуваат помалку синовијална течност што ги подмачкува нашите зглобови, предизвикувајќи да се чувствуваме вкочанети и болни. Лекарите потсетуваат дека оваа состојба понекогаш се нарекува и „утрински гел“, бидејќи зглобовите се вкочануваат како желатин кога сме неактивни неколку часа.
Вкочанетоста често трае само неколку минути, но и неколку часа
Кога имате ревматоиден артритис, псоријатичен артритис и анкилозен спондилитис, воспалението е она што предизвикува утринска вкочанетост. Најголемата разлика помеѓу утринската вкочанетост кај луѓето со остеоартритис и оние со воспалителен артритис е колку долго трае. За луѓето со остеоартритис, вкочанетоста често трае само неколку минути и се олеснува кога лицето почнува да се движи. Ако има воспалителен артритис, може да потрае еден час или подолго, за да исчезне вкочанетоста.
Утринската вкочанетост е најчестиот симптом на анкилозен спондилитис, кој главно ги зафаќа 'рбетот, колковите и колената. Кога некое лице има анкилозен спондилитис, вкочанетоста обично се јавува во долниот дел на грбот и вратот. Како и со ревматоидниот артритис и остеопорозата, долгите периоди на одмор, како 8 часа сон - ја влошуваат вкочанетоста кај луѓето со анкилозен спондилитис. Но, тоа се олеснува со топол туш или лесна вежба.
Други медицински состојби кои предизвикуваат утринска вкочанетост
Други медицински состојби кои можат да предизвикаат утринска вкочанетост вклучуваат:
-Болести на тироидната жлезда
-Недостаток на витамин Д
-Фибромијалгија
-Дебелина.
Ако се будите со чувство на силно вкочанетост и болка повеќе од 3 дена по ред, закажете преглед кај вашиот лекар. Лекарот може да ги провери зглобовите, да изработи тест на крвта или да ја тестира зглобната течност, за да провери дали има воспаление. Резултатите ќе помогнат да се утврди причината за утринската вкочанетост, како и да се препише соодветната терапија за пациентот.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik