X
 25.04.2023 Живот

Медицински тимови ќе одат „од врата на врата“ и ќе ги информираат невакцинираните за имунизацијата

По повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023, Министерството за здравство почна со теренски активности во рамките на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални и урбани), каде што е регистриран понизок опфат на вакцинирани деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против ковид-19.

Над 30 тима од медицински лица од здравствените домови во државата одат „од врата до врата“, односно ги посетуваат семејствата каде што има невакцинирани лица.
Тимовите ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, делат промотивен материјал и во договор со родителите имаат можност да закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.

Кампањата ќе трае пет недели (до крај на месец мај) и се планира да бидат посетени над 2.900 семејства.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот