X
 25.04.2023 Живот

ПроКредит го разбива митот за штедење - многу повеќе од заштеда на пари

Што е она што прво ви паѓа на памет кога ќе се спомене поимот штедење? Се разбира – штедна сметка и пари „настрана“. Иако конвенционалната идеја за заштеда на пари е темелот на културата на штедење која се вкоренува од мали нозе и несомнено е главниот постулат на креирање стабилен и долготраен домашен буџет, сепак, културата на штедење е многу поширока од основниот принцип.

Штедењето не значи само да имате повеќе пари на вашата банкарска сметка - се работи за градење култура на живеење и секојдневни навики за штедење преку реупотреба и непотпаѓање под импулсивен консумеризам. Подразбира штедење електрична енергија, реупотреба на облека, штедење време преку користење дигитални алатки, штедење храна преку домашно подготвување, па дури и домашно одгледување намирници, штедење, но воедно и инвестирање во здрав живот преку активно користење велосипед. Така, преземаме конкретни чекори со кои не само што заштедуваме пари и ресурси, туку и активно се грижиме за природата и ја чуваме животната средина.

Додека светот се бори со влијанието на климатските промени, многумина од нас почнуваат да ја согледуваат важноста на штедењето како начин на живот. Токму ова е една од темите за кои ПроКредит зборува во својата јубилејна кампања за 20 години постоење на македонскиот пазар, отворајќи ги хоризонтите на полето на штедење и продолжувајќи ја својата мисија за градење култура и надвор од конвенционалната заштеда на пари.

Повторната употреба или реупотребата е важен дел од штедењето како начин на живот. Станува збор за извлекување максимум од она што веќе го имате, наместо да купувате нови предмети. Тоа ви помага да заштедите пари и да го намалите отпадот.

Многу се важни и заштедата на време, енергија и вложување во квалитетен начин на живот. На пример, можете да заштедите време со користење дигитално банкарство без разлика каде се наоѓате. Можете да заштедите енергија со инвестирање во енергетско ефикасни производи или обновливи извори на енергија во вашиот дом.

Што се однесува до секојдневниот живот, не заборавајте на правилото помудро и одговорно може да биде подобро. Промовирајќи ја културата на штедење пред консумеризмот

- ПроКредит банка во своето портфолио не промовира ненаменски потрошувачки кредити кои лесно може да ве заробат во бескрајниот круг на краткотрајни консумеристички задоволства, кои најчесто и воопшто не ви се потребни.

Кое превозно средство го користите најчесто? Доколку автомобил е вашиот одговор, ве предизвикуваме да направите промена. Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и нови навики, па користењето велосипед е вистинскиот избор. Не само што ќе ви заштеди пари за гориво и одржување, туку е и одлична вежба и многу поодржлив и несомнено побрз начин да стигнете до посакуваната дестинација.

Најочигледниот начин да заштедите повеќе е, се разбира, да заштедите пари. Започнете со добро планирање на вашите финансии и анализа колку реално можете да заштедите секој месец. Креирајте буџет и држете се до него. Буџетот треба да ги вклучува сите ваши приходи и трошоци, вклучувајќи работи како тековни трошоци, комунални услуги, храна и забава. Откако ќе креирате буџет, треба да ги следите сите ваши трошења за да бидете сигурни дека се држите до него. Ова ќе ви помогне да ги идентификувате областите каде што можете да намалите и да заштедите повеќе пари.

Постојат различните видови штедење, од флексибилно штедење, до орочување на вашите средства на подолг рок, па дури и детско штедење преку кое ќе ги научите најмалите на важноста од културата на штедење. Познавањето на различните видови штедни продукти може да ви помогне да го изберете она што е најдобро за вашите можности и планови, а доколку се двоумите кој e најдобриот избор за вас, тука е секогаш личниот банкарски советник на ПроКредит кој ќе ви ја даде вистинската насока.

Штедењето како начин на живот се состои во правење мали промени кои имаат големо влијание. Па, зошто да не започнете да штедите денес?

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот