Македонската престолнина - Скопје првпат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б e-спорт настан - Good Game, кој ќе се одржи под покровителство на „Самсунг“.
По Загреб, Белград, Љубљана, Берлин…и Скопје на 24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game (
https://good.game/skopje), Б2Б натпреварување каде што најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги „вкрстат силите“ за да го понесат лауреатот најдобри во играта „Counter Strike: Global Offensive”.
Настанот ќе се одржи во INNO FEIT и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и, секако, сите заинтересирани поединци што би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг-културата на посебен начин.
Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо-зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.
Good Game натпреварувањето, кое е навистина уникатен спој на гејминг, нетворкинг и тим-билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.
Организатор на настанот е компанијата Good Game Global од Хрватска, која досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како е-Спорт настани на годината. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.
Повеќе информации за самиот настан во Скопје може да се најдат на официјалната веб-страница:
https://good.game/skopje
(Комерцијална објава)