X
 26.01.2022 Живот

Приказната на наставникот Мите преку која децата се вљубуваат во англискиот јазик

„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви ја даде душата“, „Трпението ми е силна страна и мислам дека таа особина треба да ја има секој наставник“, „Успешен час е оној што ги прави учениците нестрпливи да одат на секој нареден“, се само дел од советите што ги дава наставникот Мите за тоа како да се биде добар педагог и како да се создаде љубов кон учењето и книгата кај учениците.

Мите Ристов е наставник по англиски јазик во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш и веќе 13 години работи како предметен наставник со ученици во одделенска настава од прво до петто одделение. Тој ни ја раскажа неговата приказна, односно начинот на предавање преку кој децата се вљубуваат во англискиот јазик.

Работата со учениците била причината да се обиде да биде креативен на часовите, изработувајќи креации поврзани со наставната програма кои би биле доволно интересни, примамливи и едукативни за децата на таа возраст. Мите вели дека при подготовката за часовите често се запрашувал што всушност учениците сакаат и очекуваат од него, но набрзо го нашол одговорот: „Креативниот и интерактивен час никако не може да биде здодевен!“

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот