X
 26.02.2020 Здравје

Бронхитис - кога е сериозно, објаснува д-р Благица Манчева, пулмоалерголог

Акутните бронхитиси се воспалителен процес кој ги зафаќа големите дишните патишта и се доста чести во детската возраст. Обично се надоврзуваат на настинки, грип, воспаление на грлото или синусите. Најчести причинители се вирусите, но и одредени бактерии, алергени или хемиски иританси од надворешната средина и од внатрешната средина (а од нив најголемо влијание има чадот од цигари во домот). Ако вашето дете има бронхитис, ќе има кашлица, зголемено количество на секрет во дишните патишта и различен степен на отежнато дишење. Но, тоа не треба да ве загрижува доколку општата состојба на детето е добра, кашлицата не му го нарушува сонот, исхраната, како и вообичаените дневни активности.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје