Сѐ поголем е бројот на оние што во староста патат од проблеми со меморијата, но една нова студија препорачува три вида активности што го вежбаат мозокот и го подобруваат помнењето.
Според резултатите од истражувањата спроведени на Универзитетот „Конкордија“ во Монтреал, постојат три начини кои ќе ви помогнат да го одржувате вашиот мозок во форма и да се одбраните од деменција.
1. Вежби за мозок
Занимавајте се со активности кои ја подобруваат работата на мозокот, а можете да одберете решавање загатки, шах или одење на театар и читање литература со сериозни теми за моменталните случувања.
2. Стимулација на мозокот со разни активности
Не повторувајте ги постојано истите ментални активности, туку секојдневно воведувајте мали промени во рутините.
3. Подобрете го расположението
Ако не сте расположени, направете некои чекори за да се чувствувате подобро. Вежбајте, дружете се и престојувајте во природа.
- Пензионирањето обично се случува во период кога се појавуваат и првите проблеми со когнитивните функции. Поради тоа, важно е да се разбере и да се идентификува што се случува со здравјето на нашиот мозок во текот на тој период и навремено да се информираме за факторите што ќе нѐ штитат од појавата на деменција - вели Лари Баер, еден од авторите на
студијата.