X
 26.07.2021 Наука

Научници им ја вратиле загубената меморија на глувци поврзана со стареењето

Научници од Универзитетот во Кембриџ ја пронашле причината за губењето на меморијата поврзано со стареењето кај глувците. Во нивното истражување, тие откриле дека меморијата дури и може да вратена кај старите глувци во лабораториски експерименти.

Научниците ги барале причините за губење на меморијата предизвикана од старост и нашле една во структурата која ги држи невроните од мозокот. Овие структури наречени периневронски мрежи ги опкружуваат невроните во нашите мозоци. Тие мрежи се јавуваат на 5-годишна возраст кај луѓето по период на невропластичност, кога мозокот учи, се адаптира и создава спомени.

Улогата на тие мрежи е да ја намалуваат пластичноста на мозокот, правејќи го помалку способен да создава нови спомени додека ја зголемува ефикасноста на мозокот во извршувањето на секојдневни задачи. Затоа учењето станува сè потешко со текот на годините - периневронските мрежи работат да го направат мозокот поефикасен. Тоа го прави хондроитин 4-сулфат.

Сепак, мозокот на човекот не е непроменлив. Сака да создава и нови спомени, па користи слично соединение наречено хондроитин 6-сулфат, кое ја подобрува способноста за создавање спомени и учење нови работи.

Како што старееме, така мозокот одржува рамнотежа меѓу овие две соединенија, но хондроитин 4-сулфатот се зголемува, намалувајќи ја нашата способност за создавање нови спомени.

Професорот Џејмс Фосет и неговиот тим од „Кембриџ“ се споиле со Џесика Квок и нејзиниот тим од Школата за биомедицински науки при Универзитетот во Лидс за да испитаат дали менувањето на нивоата на хондроитин сулфатите може да се искористи за подобрување на меморијата на стари години.

Тие за студијата користеле глувци стари 20 месеци и ги подложиле на различни тестови за да ги набљудуваат нивните капацитети за помнење, споредувајќи ги со оние на 6-месечни глувци. Како што се очекувало, 6-месечните глувци имале подобри резултати на тестовите, па истражувачите ги заразиле периневронските мрежи на глувците со вирус и ги зголемите нивоата на хондроитин 6-сулфат.

- Забележавме неверојатни резултати. Меморијата и способноста да учат беа вратени на нивоа кои тие ги немале ни кога биле многу помлади - истакна Квок.

Фосет, пак, истакна дека молекулите и структурите на мозоците на човекот и на глодачот се исти, па истиот механизам би можел да дејствува и кај луѓето. Но, за да се направи тоа, треба и човечките периневронски мрежи да се заразат со вирус, а лек одобрен за третирање други состојби можел да ја заврши таа задача. Истражувачите го користеле во студии вршени со глувци и сега веруваат дека може да го врати загубената меморија поврзана со стареењето. Тимот моментално истражува дали третманот може да дејствува и при лекување на Алцхајмеровата болест.

Истражувањето е објавено во „Молекулар сајкајатри“.

Извор:  Interesting Engineering
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука