26.11.2019
Култура
Животни лекции што ги научивме од „Кум“
„Кум“ (1, 2 и 3) се класични филмови кои успешно го поминаа тестот на времето. Освен што се забавни, тие се приказни за успехот, семејството и капитализмот. Секој дел учи на важни животни лекции што не смеете да ги пропуштите.
Не ветувајте нешто што не можете да го исполните
Вашиот даден збор е најважното нешто што имате да го понудите. Сфатете го сериозно и секогаш добро размислете пред да ветите нешто. Понекогаш, едноставно мора да кажете „не“.
Не мешајте се во животот на другите
Особено не мешајте се во животот на брачен пар. Приватниот живот е токму тоа - приватен и тој треба да се почитува.
Семејството е најважното нешто во животот
Крвта не е вода. „Човекот кој не поминува време со семејството не е вистински човек“ и „единственото богатство на светот се децата, повеќе од сите пари и моќта“, дон Вито Корлеоне.
Не дозволувајте да ве надвладеат емоциите
Дејствувајте само откако сте размислиле за сите можни последици од вашите акции. Размислувајте мудро и дипломатски. Емоциите водат до пропаст. „Никогаш не мразете ги непријателите. Тоа влијае врз вашето осудување“, Мајкл Корлеоне.
Пријателите близу - непријателите уште поблизу
Секогаш внимателно набљудувајте ги непријателите и останете рамнодушни колку и да не ви се допаѓа некој. Особено во јавност.
Бидете подготвени предвреме
Никогаш не правете процена без претходно планирање. Трпеливоста е клучна карактеристика.
Градете пријателства врз основа на почит и доверба
Семејството не може да го изберете, но пријателите можете. Размислете за сите добри страни што може да ги има пријателството со некого. Истовремено, земете ги предвид и недостатоците. „Пријателството е сè. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е поголемо од владата. Тоа е речиси еднакво на семејството“, дон Вито Корлеоне.
Професионалниот живот задржете го за себе и за членовите на семејството
„Не прашувај ме за работа!“ - Мајкл Корлеоне. Не разговарајте за професионалниот живот или за семејните проблеми со непознати луѓе. Никогаш не знаете кому тие информации ќе му послужат за да ви наштети.