Фудбалската легенда Диего Марадона еднаш рекол дека се дистанцира од Католичката црква бидејќи се разочарал од поранешниот папа Јован Павле II. Марадона, кој почина од срцев удар на 60-годишна возраст во средата, го посетил Ватикан во 2000 година.
Медиумите пренесувале дека Мадона се вознемирил бидејќи не добил специјална бројаница од папата. Подоцна тој им кажал на новинарите дека бил згрозен од златните тавани во Ватикан, велејќи дека папата Јован Павле Втори треба да ги „продаде“ доколку сака да им помогне на сиромашните.
- Сум бил во Ватикан и сум ги видел златните тавани. А потоа слушнав дека папата изјавил дека црквата е загрижена за сиромашните деца. Па? Продади ги таваните, другар! - изјавил Марадона за „Индепендент“ во 2005 година.
Марадона го посетил сегашниот папа Франциск во 2016 година во рамките на хуманитарен фудбалски натпревар и дал слична изјава за новинарите. - Бев во Ватикан и го видов тој златен покрив. И си помислив како некој може да биде таков лицемер, да живее со златен покрив, а потоа да оди во сиромашни земји и да ги бакнува децата со полн стомак? Престанав да верувам - изјавил Марадона, пренесува „Ел паис“.
Но, сепак, изјавил дека по посетата на папата Франциск му се вратила вербата.
- Се оддалечив од црквата, но Франциск ме врати назад - им кажал на новинарите, според „Ел паис“.
Марадона се нарекувал себеси „глас на безгласните“ и „претставник“ на народот. Според медиумите, тој бил дарежлив и честопати плаќал сè за неговите придружници. Во Аргентина е прогласена тридневна жалост за неговата смрт, пренесуваат светски медиуми.
Автор: Скот Дејвис
Извор:
insider.com
Насловна фотографија: Wikipedia