X
 27.06.2019 Живот

Упатството на Мика Антиќ за вистинската љубов: Ако некогаш се заљубиш...

Стиховите што си ги посвети сам на себе веројатно најдобро зборуваат за неговото дело и неговиот живот. А ако во нешто се разбирал, тоа биле љубовта и заљубувањето. Така, еднаш се заљубил во Мира Ступица и тоа го напишал на парче хартија. Тогаш ѝ признал дека не може да работи ако не е заљубен. За жал или за среќа, останале само пријатели.

Слатката приказна можеби и би била заборавена ако Мира Ступица не ја откриела во книгата „Рака сол“. Којзнае колку слични љубовни анегдоти имал Мика во текот на животот, за кои никогаш нема да дознаеме.

Сепак, она што успеал да го запише од искуствата и ден-денес е најдобар совет за заљубените и за оние што имаат дилема дали личноста за која чука срцето е вистински избор.

„Ако некогаш се заљубиш, заљуби се во некој што сака да ја знае твојата омилена боја и какво кафе пиеш.

Заљуби се во некој што го сака начинот на кој се смееш и кој ќе направи апсолутно сè за да те насмее.

Заљуби се во некој што ја става главата на твоите гради само за да ги чуе отчукувањата на срцето.

Заљуби се во некој што те љуби во јавноста и со гордост те покажува на другите.

Заљуби се во некој поради кој ќе прашуваш зошто на почеток воопшто си се плашел/а од заљубување.

Заљуби се во некој што никогаш не би сакал да те повреди.

Заљуби се во некој што е заљубен во твоите маани и мисли дека си совршен/а баш таков/а каков/ва што си.

Заљуби се во некој што мисли дека баш ти си личноста покрај која би сакал да се буди секој ден“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот