X
 27.10.2022

„Еко-свест“ се залага за заштита на Вевчанските Извори

Заштита на Вевчанските Извори како природен споменик и најава за грантови беа дел од плановите што ги соопшти здружението „Еко-свест“ на денешната прес-конференција.

Ана Чоловиќ-Лешоска, извршна директорка на здружението, најави отворање на канцеларија во Вевчани на 9 ноември со цел заштита на споменикот на природа - Вевчанските Извори.

Проектниот координатор Жарко Конески ги најави и нивните понатамошни планови во врска со грантовите кои ќе опфаќаат 3 сегменти: грантови за институционална поддршка на граѓански организации за заштита на животната средина, грантови за локални климатски акции, ад хок грантови - за итна активност на граѓански организации кои постојат барем 2 години и работат за борба против климатските промени.

Инаку, здружението работи на две нивоа на креирање политики – со институциите на власт и на локално ниво со локалните заедници и нивните потреби. Соработува со заштитени подрачја со цел да се подобри нивниот менаџмент за да се заштити биодиверзитетот, но и да се одржи локалниот економски развој на локалните заедници.
Подготвил: Ј.Т.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk