X
 27.11.2020 Здравје

Смртноста од Ковид-19 е голема во цел свет, предизвик е да се изменаџираат болниците, рече Филипче

Рекордни бројки има во Србија, Хрватска, Словенија, каде што во пикот имало 1.767 случаи, а починале 46 пациенти

Смртноста од Ковид-19 не е тренд само кај нас, туку во целиот свет. Тоа се должи на непредвидливоста на вирусот, кој медицината допрва треба да го истражува. Сепак, и ние и целиот свет го постигнавме пикот минатата недела, рече министерот за здравство Венко Филипче.

- Во цела Европа има тренд на намалување на новозаболени, но со најголем број смртни случаи во изминатите 7 дена, над 27.000. Таква е состојбата и во земјите во регионот. Сите сме со ист предизвик - да се изменаџираат болнички капацитети, слободните болнички кревети и медицинскиот персонал - вели Филипче.

Рекордни бројки има во Србија, Хрватска, Словенија, каде што во пикот имало 1.767 случаи, а починале 46 пациенти. Бројот на хоспитализации е сличен како кај нас – околу 1.300 пациенти. Здравствениот систем во Бугарија е совладан поради недостиг на персонал и многу заболени меѓу медицинскиот персонал.

Филипче вели дека во последната недела се чувствува благо олабавување на болниците. Во градовите во внатрешноста има околу 1.000 болнички легла. Во Скопје се проширени капацитетите на интерните клиники, обезбедени се околу 200 кревети. Клиниката за оториноларингологија е последното проширување, каде што во моментот нема хоспитализирани пациенти. Од идната недела ќе бидат на располагање и дополнителни 100 кревети во приватните болници.

- Секојдневна е комуникацијата на директорите и лекарите, мобилизиран е целокупниот медицински кадар, плус дел од приватни специјализанти, дел од младите лиценцирани лекари, веќе разговараме да бидат вработени. Паралелно функционира „Мој термин“. Освен во некои клиники каде што е редуциран, секаде работи нормално, нема одлагање, дури и на клиниките кои се претворени во ковид-центри. Смртноста е тренд насекаде, и во регионот и во светот. Правевме интерна анализа, многу пациенти се со хронични болести, не можеше да им се помогне. Имаме работа со непредвидлива болест, многу необјаснети ситуации, допрва треба медицината да истражува и да бара одговор на овие прашања - рече Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје