X
 28.06.2017 Наука

Посетувањето на концерти и музички настани ве прави поздрави и посреќни

Една австралиска студија го потврдува она што веројатно веќе го знаете: ако сакате да бидете посреќни, треба и да излегувате повеќе, пишува  Си-ен-ен.

Поточно, ова се однесува за концерти и музички фестивали, а секако истражувачите од студијата препорачуваат да не се штедите на танцување. Тие откриле дека „луѓето што активно се занимаваат со музика преку танцување и присуство на настани како концерти и фестивали, пријавиле повисоко ниво на субјективна благосостојба“.

Студијата е направена во март оваа година, а е насловена „Ако сте среќни и го знаете тоа: музичко ангажирање и субјективно задоволство“ и ја дефинира фразата како „научно психолошки термин за општо расположение „среќа“, кое е позитивно, стабилно и постојано со текот на времето.“

Терминот „субјективна благосостојба“ им помага на психолозите да идентификуваат ефикасни терапии за депресија и нарушување на расположението. Едно од нив е значајно ангажирање со музика. Ова значи дека не мора да бидете музичар да ги имате придобивките. Истражувачите дошле до заклучок и дека продуцирањето и изведувањето на музиката поттикнуваат на самоистражување, емоционално изразување и самодоверба.

Слушањето музика може да го подобри физичкото здравје и емоционалната благосостојба. Слушањето во друштво на други е поврзано со уште посилни позитивни искуства.

Живата музика универзално го намалува нивото на стрес, ги зголемува општествените врски и ја намалува болката. Тоа е доволна причина да посакате да купите билети за Вашите омилени изведувачи.

Но, ако не живеете во голем град, трошоците за ваквите настани може да Ви бидат големи.За жал, неретко посетувањето на концерти и фестивали е привилегија на оние со поголеми приходи.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука