Се очекува светското население да брои над 8 милијарди во ноември, според неодамна објавени проекции од Обединетите нации. Над половина од сите тие луѓе (ќе) живеат во само седум земји.
Кина има најголемо население во светот - 1,426 милијарди жители. Меѓутоа, се очекува Индија да застане на врвот наредната година. Индија во моментов има 1,417 милијарди жители.
Преостанатите пет држави со најмногу жители се САД, Индонезија, Пакистан, Нигерија и Бразил. Овие пет земји заедно имаат помалку жители од Индија или само Кина.
Впрочем, населението на Кина е поголемо од целото население на Европа, кое изнесува 744 милиони жители. Кинеското население е поголемо и од населението на Јужна и Северна Америка, кое вкупно изнесува 1,04 милијарди жители, а е приближно исто како сите нации во Африка, каде што живеат 1,427 милијарди жители.
Според процените на Обединетите нации, глобалното население ќе достигне 9,7 милијарди во 2050 и 10,4 милијарди во 2100 година. Се очекува најголем раст во потсахарска Африка, каде што минатата година се родиле 29 отсто од бебињата во светот.
Извор:
World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay