X
 30.03.2021 Живот

Москва, Париз, Сплит, Белград - европски градови со најскапи недвижности

Сплит е трет најскап град во Европа според цените на недвижностите во однос на нивото на приход. Ова го покажаа податоците на „Нумбео“, која претставува најголема база на податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на живот.

Односот на цените на недвижностите и просечниот приход во Сплит изнесува 20,3 според пресметката на веб-страницата „Нумбео“, основана од Младен Адамовиќ, поранешен софтверски инженер на „Гугл“ од Србија.

Од Сплит поскапи се само Москва и Париз

Така, на оваа листа, Сплит е зад Москва (21,12) која е на прво место, и Париз (20,97), кој е на второ место, а е пред Белград (19,77), Владивосток (18,63), Гдањск (18,31), Прага (17,97) и Милано (17,85).

pariz
Фото: Freepik

Покрај тоа, Хрватска има два града што се најдоа меѓу 20. најскапи: Задар (16,41) се најде на 13. место, пред Санкт Петербург (16,34) и Минхен (16,27). Интересно е што Лондон, кој има репутација на град со неподносливо високи цени на недвижности, се најде на 20. место.

Загреб се најде на пониско место од двата најголеми далматински градови, каде што цената е толку висока поради туризмот, иако сепак се најде на високото 33. место од вкупно 260 европски градови, пред Скопје (13,46), Мадрид (13,37) и Љубљана (13,35).

split
Фото: Freepik

Ова се првите 20. градови со најскапи недвижности:

1. Москва (Русија) - 21,12
2. Париз (Франција) - 20,97
3. Сплит (Хрватска) - 20,30
4. Белград (Србија) - 19,77
5. Владивосток (Русија) - 18,63
6. Гдањск (Полска) - 18,31
7. Прага (Чешка) - 17,97
8. Милано (Италија) - 17,85
9. Рим (Италија) - 17,53
10. Минск (Белорусија) - 17,38
11. Лисабон (Португалија) - 16,67
12. Краков (Полска) - 16,46
13. Задар (Хрватска) - 16,41
14. Санкт Петербург (Русија) - 16,34
15. Минхен (Германија) - 16,27
16. Тирана (Албанија) - 16,21
17. Вроцлав (Полска) - 16,16
18. Познањ (Полска) - 16.00
19. Гдиња (Полска) - 15,77
20. Лондон (Велика Британија) - 15,65

Извор: B92.net | Numbeo
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот