X
 20.11.2020 Здравје

Филипче: Здравствените работници се преморени, но не се откажуваат, да ги поддржиме

Министерот за здравство Венко Филипче истакнува дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.

- Секаде се имплементирани истите мерки. Помалку или повеќе, тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на ширењето на вирусот. Здравствените работници, особено во овој период, се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени, ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и сè повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија - делови од болници кои планираме во следниот период да станат ковид-центри - потенцираше Филипче и апелираше до сите граѓани да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките за заштита во целост.

Од утрово ковид-одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за Ковид-19. Од 8 часот почна да работи ковид-одделението на Клинината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

Ковид-центарот на Клиниката за очни болести е во рамките на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни што имаат потреба од кислородна терапија.
Се очекува во најскоро време да се пушти и ковид-центарот на Клиниката за уво нос и грло, каде што би се згрижиле дополнителен број болни.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје