X
 30.05.2022 Здравје

Бил Гејтс: Има 50 отсто шанси за нова пандемија во следните 20 години

Бил Гејтс, еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“ и милијардер, смета дека постојат 50 отсто шанси светот да се соочи со нова пандемија во следните 20 години. Според него, потеклото на пандемијата веројатно ќе биде природно.

- Човечката популација расте и допираме во сè повеќе екосистеми. Затоа прогнозирам дека постојат 50 отсто шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како резултат на климатските промени - изјавил Гејтс.

Гејтс, кој неодамна ја објави најновата книга „Како да се спречи следната пандемија“, објасни дека следната пандемија би можела да биде поради грип, нов вид вирус од семејството коронавируси, па дури и вирус направен од човекот, за што смета дека е многу застрашувачко сценарио.

Според податоци од Светската здравствена организација (СЗО), до април имало над 500 милиони случаи на ковид-19 во светот.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје