Во 2021 година во Македонија починале 28.516 лица, што е за 2.741 лице повеќе од 2020 година, кога починаа 25.775 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ова е најголемиот број на починати од 1995 година досега.
Во градските подрачја умреле 17.955 лица или 63%, а 10.561 лице или 37% умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,6%, а најмало Вардарскиот Регион со 8,3%. Во градските подрачја има 54, додека во селските подрачја 31 умрено доенче.
Фото: ДЗС
Според ДЗС, просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73,2 години, а во селските 73,3 години.
Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -6 731 лице, a во селските подрачја -3 137 лица.
Иако ДЗС минатата година ги објави главните болести поради кои починале најмногу лица, во годинашниот извештај ги нема тие податоци, ниту статистиките по градови.
ТУКА можете да ги видите податоците што ДЗС ги објави лани.
Насловна фотографија: Freepik