X
 30.11.2018 Живот

До крајот на векот просечните температури на светско ниво ќе пораснат за 3 до 5 степени

До крајот на 21 век се очекува просечните температури на светско ниво да пораснат за 3 до 5 Целзиусови степени, што ги надминува досегашните процени од 2 степена, предупреди Светската метеоролошка организација при Обединетите нации (ВМО).

 - Концентрацијата на гасови со ефект на стаклена градина повторно е на највисоко ниво, а доколку тоа продолжи вака, може да дојде до покачување на температурите за 3 до 5 Целзиусови степени до крајот на овој век… Ако ги исцрпиме сите познати извори на фосилни горива, температурата значително ќе се зголеми - нагласи генералниот секретар на ВМО, Петери Талас.

Повеќе држави во светот во 2015 година, на Париската климатска конференција, се обврзаа на ограничување на порастот на температурите до два, а по можност и до 1,5 Целзиусов степен, за што е неопходно радикално помало користење на фосилни горива, сметаат експертите.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот