X
 31.07.2018 Живот

Трагичен потсетник за тоа колку човекот ја уништи природата и животот на многу нејзини жители

Фотографијата од женка од видот кит орка, која со денови  го турка телото на своето мртво бебе, обидувајќи се да го дри над вода и да го спречи да потоне, е една од најтажните слики во изминатава година - дел затоа што на толку емотивен и болен начин покажува колку е силна мајчинската љубов во животинскиот свет, но и дел поради фактот што ова младенче веројатно би го чекала сосема различна судбина ако човечката раса не променила добар дел од подводниот свет.

Женката била забележана во водите на најсеверниот дел од американскиот западен брег како во вторникот на свет го донесе младенчето. Научниците ја следеле и виделе како мајката и бебето пливаат. За момент сѐ изгледало нормално, а потоа младенчето починало, неколку часа по раѓањето.

1
Фото: АР


Групата во која припаѓала мајката продолжила по својот пат и за брзо време го напуштиле тој дел. Но не и мајката. Таа останала за со својата глава да го држи телото на своето бебе над водата, не дозволувајќи да потоне.

-Телото на бебето започна да тоне, но мајката повторно и повторно го носеше на површина. Таа со денови продолжи да го турка телото на нејзиното мртво бебе - велат од Центарот.

Во петокот наутро, кога последен пат биле видени, мајката и понатаму го држела телото на своето бебе над водата, упорно не дозволувајќи да тоне. Трагичната приказна за губењето и болката на една мајка, колку и да е тажна, всушност открива само дел од вистинската трагедија со која се соочуваат китовите орка во овој дел од океанот.

Како што наведуваат од Центарот, што се занимава со набљудување на популацијата на китовите за американската и канадската амбасада, поминале цели три години откако женка кит во овие води родила живо и здраво младенче. Во водите околу Британска Колумбија моментално постојат 75 китови и ниедно младенче.

2
Фото: АР


Причината за ова е недостатокот на храна, бидејќи главниот извор на храна на овие китови е кралскиот лосос, што стана загрозен вид, дел поради риболовот, а дел и поради промените на екосистемот и загадувањето. Како што се намалува бројот на лососи околу брегот на Ванкувер, така овие китови започнале да изумираат. Ако ова продолжи, ќе бидеме сведоци на сѐ поголем број вакви фотографии - трагични потсетници за тоа колку нашата раса ја уништи природата и животот на многу нејзини жители.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот