X
 31.08.2024 Живот

Правила за бонтон при јадење и пиење во светот: Еве кое правило во Македонија е познато меѓу туристите

Обичаите и традициите на една земја најчесто се прикажуваат кога луѓето седнуваат да јадат или да пијат. Без разлика дали се работи за јапонска церемонија за чај, која става акцент на деликатноста на секое движење на сервирање, или шпански бар каде што споделувањето мали чинии е дел од социјалниот ритуал, треба да се земат предвид различни неискажани културни норми и бонтон.

Со собирање податоци преку пребарувања на „Гугл“ и истражување на стотици водичи, веб-страницата „Ремитли“ спроведе глобално истражување за бонтон за храна и пијалаци во светот.

Ова се клучните наоди:

- Вообичаени грешки што би можеле да предизвикаат навреда се барањето мени кога нарачувате улична храна во Виетнам, мешање васаби во соја-сос кога јадете суши во Јапонија и прашување што содржи оброкот или ако го мирисате во Того.

- Бонтонот за чај и кафе е вообичаен низ целиот свет и драматично варира. Пиењето млечно кафе по 11 часот во Италија е нешто што не се одобрува, додека чајот се служи во три фази во Нигер, а секој круг станува посладок.

- Повеќето земји имаат специфичен бонтон кога станува збор за алкохолот. Нелегално е да се биде пијан во паб во Велика Британија, додека во Перу можете да очекувате да споделите пиво со пријателите од една чаша.

- Почитувањето на постарите е важно при јадењето и пиењето. Во Тајланд најстарата жена од групата нарачува за сите, додека Јужнокорејците се вратат на друга страна од постарите кога пијат за да покажат почит.

1
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција
Фото: Remidly


Кога станува збор за земјите од поранешна Југославија, еве што треба да почитуваат туристите.

Правило за плаќање сметки во Србија

Во Србија никако не треба да ја делите сметката по оброк бидејќи тоа може да ги навреди домаќините.

Полна чаша во Босна и Херцеговина

Според советите на веб-страницата „Ремитли“, во Босна и Херцеговина никогаш не оставајте полна чаша бидејќи тоа може да предизвика загриженост кај домаќинот, кој сигурно ќе ве праша што не е во ред.

Необично правило во Македонија

Во Македонија не треба да се оставаат два прозорци отворени во собата додека се јаде и пие.

Меѓутоа, необичните правила на бонтон не важат само за балканските земји. На пример, ако наздравувате во Канада, треба да ја држите чашата што подалеку од телото, додека Мексиканците не сакаат да ги гледаат како јадат лубеница навечер. Во Венецуела се смета за учтиво да се јаде овошје со прибор за јадење, а во Боливија мажените жени пијат само една чаша вино во бар.

1
Кликнете на фотографијата за поголема резолуцијаФото: Remidly

Време за пиење кафе во Хрватска

Кога станува збор за Хрватска, се смета за непристојно ако поминете само половина час на кафе со некого.

Риба во Црна Гора


Веб-страницата ги советуваа сите што решиле да живеат во Црна Гора да не се грижат кога ќе видат како се сече риба пред нив во ресторан бидејќи тоа е вообичаено за Црногорците.

Извор: Remitly.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот