Бесплатниот курс „
Вовед во политичка философија“ го предава професорот Стивен Б. Смит од Универзитетот
Јеил. Курсот е конципиран како вовед во политичката философија преку осврт на некои од најзначајните текстови и мислители на западната политичка традиција. Трите широки теми што се неодминливи за разбирање на политичкиот живот се однесуваат на: востановувањето на полисите - градовите држави (низ текстовите на Платон и Аристотел), суверената држава (кај Макијавели и Хобс), уставната држава (во делото на Лок) и демократијата (кај Русо и Токвил). На курсот се разгледуваат начините на кои различните политички философии ги објаснуваат појавните форми на политичките институции и начинот на живот на луѓето во рамки на тие форми.
24-те лекции од курсот можете да ги најдете на
Јутјуб или на
Ајтјунс. Доколку сакате да добиете повеќе информации за курсот, вклучително и наставната програма, посетете ја веб-страницата на Јеил.
Курсот ги обработува следниве философски текстови:
Платон:
Одбраната и смртта на Сократ
Платон:
Држава
Аристотел:
Политика
Николо Макијавели:
Владетелот
Томас Хобс:
Левијатан
Џон Лок:
Втората расправа за владеењето (од делото „Две расправи за владеењето“)
Жан-Жак Русо:
Политички текстови (збирка есеи)
Алексис де Токвил:
Демократијата во Америка