X
 01.01.2023 Здравје

Намирници и пијалаци што помагаат да се ослободите од мамурлакот

Умор, жед, главоболка, мачнина, вртоглавица, недостиг на фокус, болки во мускулите, несоница и нерасположеност се најчестите симптоми на мамурлакот. Без разлика колку е силен мамурлакот, сите сакаат да се ослободат од него што побргу. Според експертите, некои намирници и пијалаци помагаат во тоа.

Круши

Според истражувачи од австриската владина научноистражувачка организација ЦИСРО, крушите се лек за мамурлак. Утринскиот мамуралк се намалува за 16-21 отсто доколку пиете сок од круша.

Вода

Алкохолот го дехидрира телото, па затоа пиењето вода може да ја ублажи главоболката.

Домат

Доматите се богати со витамин Ц, но и со антиоксидансот глутатион.

Спанаќ

Една од подобрите намирници за ослободување од мамурлакот е спанаќот. Имено, тој содржи фолна киселина, сулфур и витамин Ц, кои помагаат против мамурлакот.

Овошен сок

Овошниот сок има природни шеќери и електролити, како и витамини. Сокот од јаболко или брусница е подобар избор отколку сокот од портокал поради ниското ниво на киселост.

Конзервирана туна

Ова звучи чудно, но храната богата со минерали, како конзервираната туна, ги надоместува потрошените хранливи материи во телото, поради што се појавува мамурлакот.


Фото: Pixabay

Банани

Вашето тело е подехидрирано доколку сте испиле повеќе алкохол, а со дехидратацијата се губи и калиумот. Недостигот на калиум предизвикува чувство на умор, а може да се појават и други симптоми како грчеви, повраќање и мачнина. Затоа, бананите може да ви помогнат во спречување на дел од симптомите на мамурлакот.

Интегрален ориз

Интегралниот ориз е одличен извор на јаглехидрати, а богат е и со витамин Б и протеини.

Чај од камилица

Доколку сакате да ги смирите надуеноста, грчевите и мачнината, чајот од камилица може да ви помогне. Во шолјата додајте малку мед, кој е природен шеќер.

Аспарагус

Освен што помага во одржувањето баланс во стомакот, аспарагусот е одличен и за лекување мамурлак. Овој зеленчук е полн со аминокиселини и антиоксиданси.

Лимета

Исто како и лимонот, лиметата е одлична во борбата против мамурлакот. Обидете се да пиете исцеден сок од лимета и веднаш ќе забележите разлика.

Морков

Сите коренести зеленчуци со силни бои изобилуваат со детоксикациски витамини и минерали, како и со природни шеќери.

Мелена црвена пиперка

Мелената и лута црвена пиперка е природен аналгетик, така што овој зачин може да биде добар сојузник во борбата против мамурлакот, особено против главоболката. Лутите намирници го поттикнуваат метаболизмот, а со самото тоа и процесот на детоксикација.

Јајца

Внесувањето премногу алкохол го поттикнува телото да произведува отровни супстанции кои ги предизвикуваат симптомите на мамурлакот. Тогаш телото реагира со производство на глутатион, но неговото количество е ограничено. Јајцата се полни со цистеин, кој се содржи во глутатионот, и кој му помага на телото да се ослободи од токсините.

Извор: N1
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје