Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна - 2,59 %, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,24 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,93 %. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,05 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања - работници во услужни дејности и продажба.