X
 01.08.2021 Здравје

Сѐ повеќе корисници на марихуана добиваат шизофренија, покажува истражување

Сè повеќе луѓе што консумираат поголемо количество марихуана имаат шизофренија, покажува ново истражување спроведено во Данска. Во 1995 г., прекумерното консумирање канабис било поврзано со 2 отсто од случаите на шизофренија во земјата. Овој процент се зголемил на 4 отсто во 2000 г. и на 8 отсто по 2010 година, пренесува Си-ен-ен.

- Мислам дека е многу важно да се искористи нашето истражување и други истражувања за да се посочи и нагласи дека консумацијата на канабис не е безопасна - изјавил Карстен Хјортој, главниот истражувач.


Фото: Pexels

Според него, забележана е врска помеѓу прекумерното консумирање марихуана и шизофренијата, послабата когнитивна работа, нарушувања со користење други супстанции и други проблеми со менталното здравје. Во Данска е нелегално консумирањето марихуана, а се дозволува само во медицински цели.


Фото: Pixabay

Истражувањето користело податоци од данскиот здравствен регистар и ги вклучило сите луѓе родени во Данска пред 31 декември 2020 г., кои биле стари најмалку 16 години, започнувајќи од 1 јануари 1972 г.

Истражувањето ги анализирало само лицата што имале клиничка дијагноза за прекумерно користење марихуана.

Линк до истражувањето

Извор: CNN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје