Бројот на туристички аранжмани во Грција во мај бил за 536,4 отсто поголем во споредба со минатиот мај. Во првите пет месеци од 2022, бројот на туристички аранжмани во Грција е зголемен за 547,9 отсто во споредба со истиот период лани. Ова го покажуваат најнови податоци од Централната банка на Грција.
Според податоците, бројот на туристи во мај се зголемил за 672,5 отсто во споредба со минатиот мај, а приходите од туризмот изнесувале 1,41 милијарда евра во истиот месец, во споредба со 222 милиони евра минатиот мај. Сепак, и покрај зголемувањето, бројките се под нивото од пред пандемијата.
Фото: Pixabay
Патничките аранжмани во Грција се зголемиле за 426,4 отсто во мај годинава, во споредба со минатиот мај, гледано само за жители од ЕУ. За туристите кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ, растот изнесува 807,5 отсто во мај.
Сепак, поголемиот дел од приходите во мај биле направени од туристи од ЕУ - 827,9 милиони евра. Останатите 54,4 милиони евра биле направени од туристите надвор од ЕУ.
Извор:
Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay