X
 02.03.2022 Живот

Укинување на сертификатот за влез во моловите бара Комисијата за заразни болести

Задолжителното поседување сертификати за вакцинација за влез во шопинг-центрите, Комисијата за заразни болести бара да се укине.

- Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде што е задолжително носење маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни - рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

На денешната прес-конференција се истакна состојбата со ниско ниво на вакцинацијата, за што зборуваше портпаролот Злате Мехмедновиќ. Од Комисијата за заразни болести изјавија дека луѓето кои се во ризични групи ќе добијат СМС-порака за тоа каде и кога треба да примат бустер-доза.
Портпаролот Мехмедовиќ рече дека се надева оти со вакцинацијата ќе се спречат компликации кај оваа група граѓани.

-Да го подигнеме квалитетот на имунитетот на популација и тоа да биде основа за релаксирање на мерките - рече тој.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот