Ако обичните видови чоколадо ви се малку здодевни, швајцарските научници измислија сосема нов вид чоколадо направено од „желе овошјето на какаото“. Новата мешавина користи повеќе од овошјето какао, што го прави чоколадото поздраво и поодржливо.
Обично, чоколадото се прави од зрна какао, измешани со малку пулпа. Оваа какао-смеса се комбинира со шеќер, млеко во прав и други состојки, во зависност од тоа колку е темно чоколадото. Но, се разбира, ставањето шеќер значи дека чоколадото и не е баш здрава ужина, а тука има и еколошки и економски прашања што значат дека можеби ќе се движиме кон глобален недостиг на чоколадо.
Новиот рецепт за чоколадо од Истражувачкиот институт во Цирих потенцијално би можел да се справи со овие проблеми. Клучно е да се користи повеќе материјал од мешунките на какаото кои обично се фрлаат, вклучувајќи повеќе од пулпата, како и внатрешната обвивка на лушпата позната како ендокарп. Сето ова измешано го прави она што истражувачите го нарекуваат „желе од какао“, кое е толку слатко што може да го замени шеќерот во прав во повеќето рецепти со чоколадо.
Добиеното чоколадо имало 20 отсто повеќе влакна и 30 отсто помалку заситени масти од просечното европско темно чоколадо.
- Ова значи дека земјоделците не само што можат да го продаваат зрното какао, туку и да го исушат сокот од пулпата и ендокарпот, да го сомелат во прав, па и тоа да го продаваат. Ова ќе им овозможи поголем приход - велат истражувачите.
Сепак, пред ваквото чоколадо да се пробие до полиците на супермаркетите, потребни се инфраструктурни промени. На фармерите на какао, на пример, ќе им треба опрема за сушење на материјалите за правење желе.
Извор:
Newatlas.com
Фото: Freepik