X
 03.04.2022 Живот

Медицинска сестра во дом за стари лица открива за кои работи најмногу жалат луѓето пред да умрат

Медицинска сестра од дом за стари лица во САД открила што научила додека се грижела за луѓето што умираат. Таа рече дека, според нејзиното искуство, многу луѓе жалат за животот кога нивното време на Земјата завршува, пред смртта.

Патем, медицинската сестра позната како Џули го користи својот профил на „Тик-ток“ за да ги едуцира луѓето за смртта со разбивање на митовите и споделување искуства што ги имала на работа, а таа стана медицинска сестра во дом за стари лица откако девет години работела на интензивна нега.

Во видеото Џули открива за што најчесто тагувале нејзините пациенти пред да умрат.

Со објавувањето на видеото таа, всушност, сакала луѓето да размислат за некои работи за да не жалат подоцна.

Таа одговори на прашањето: За што најчесто се каат луѓето?

Таа објасни дека луѓето најмногу се каат за пет работи кога се приближува смртта.

- На крајот од животот, повеќето луѓе жалат што не го ценеле своето здравје. Исто така, се каат што не го ценеле тоа што биле живи и не ги ценеле ситниците во животот. Како и тоа што не поминувале повеќе време со семејството и што работеле далеку од дома – рече таа.

- Биди присутен во моментот, живеј сега, биди благодарен, не земај ги здраво за готово своето здравје и ситниците во животот. Не  фрлајте го животот и преземете нешто. Животот е еден. Поминувајте време со оние што ги сакате, не нужно со вашето семејство, туку со оние што ги сакате и се чувствувате сакани - биле некои од работите за кои пациентите ѝ се исповедувале на Џули.

Луѓето што го погледнаа видеото беа благодарни за советот.

- Благодарам, требаше да го слушнам ова - вели еден интернет-корисник.
 
- Госпоѓо, ова беше многу инспиративно. Ви благодариме што го споделивте вашето знаење. Тоа се цени – коментира друг.

@hospicenursejulie Reply to @kaitmichaud #hospicenursejulie #hospice #learnontiktok #PepsiApplePieChallenge ♬ See You Again (Piano Arrangement) - Alexandre Pachabezian
- Морав да го слушнам ова денес. Ти благодарам, Џули - вели трет.

Извор:  24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот