X
 03.04.2024 Живот

Школата за бизнис „Вартон“ ја анализирала 4-дневната работна недела. Еве што заклучила

Четиридневните работни недели не се само изговор за канцелариските работници едвај да го дочекаат петокот. Според едно истражување, овој вид работна недела може да биде корисна за целокупната работна култура.

„Ексос“ е компанија која соработува со други компании за да изгради програми за благосостојба на нивните вработени, како спортски сали и холистички објекти. Компанијата неодамна соработуваше со двајца експерти од Школата за бизнис „Вартон“ за да ги анализира резултатите од пилот-програмата за четиридневната работна недела во сопствените канцеларии.

Пилот-програмата покажа подобрување и во перформансите на компанијата и во благосостојбата на вработените. За почеток, стапките на задржување на вработените во компанијата драстично се подобрија, при што заминувањето/доаѓањето на вработените се намали од 47 на 29 отсто.

Покрај тоа, 91 отсто од вработените рекле дека веруваат дека ефикасно го поминуваат своето работно време, во споредба со само 67 отсто пред воведувањето на четиридневната работна недела. Конечно, само 36 отсто од вработените изјавиле дека биле исцрпени по истражувањето, а пред пилот-програмата тој број бил 70 отсто.

Покрај четиридневниот распоред, „Ексос“ имплементирал и намерно закажување, ревизија на состаноци, дневни паузи и други тактики насочени кон одржување на деловната ефективност и флексибилност во денот на секој вработен.

Што се однесува до перформансите на компанијата, „Ексос“ објави дека продажбата пораснала за 211 отсто, а вработените не само што биле посреќни, туку биле и поефективни во текот на тие пократки работни недели.

Додека „Ексос“ и истражувачите се согласуваат дека овие работни модели сè уште бараат структура и предвидливост, документираните успеси на истражувањето би можеле да бидат ветувачки за вработените кои сè уште сакаат да одржат чувство на автономија кога станува збор за нивната рамнотежа помеѓу работата и животот.

Извор: Fast Company
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот